Tip of the Week® со ново интернационално издание на англиски јазик

24 автори од 8 земји со уникатна Балканска перспектива за мотивација и за едукација

1136

По успешната кампања на глобалната платформа Кикстартер, на крајот од минатата година, тимот на Tip of the Week® изминативе месеци интензивно работеше на издавање на интернационалното издание на Tip of the Week® на англиски јазик и навремена испорака на наградите на поддржувачите. Изданието содржи 39 совети од 24 автори од 8 земји од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Бугарија), и многу практични примери и вежби за унапредување на нашиот личен и професионален развој. Изданието е веќе во продажба на веб-сајтот www.tipoftheweek.co.

„Искрено им благодариме на сите автори кои без размислување ја прифатија иницијативата да бидат дел од интернационалното издание на Tip of the Week® и за прв пат на светската читателска публика да презентираме нова уникатна перспектива за мотивација и за едукација која доаѓа од Балканот, а со тоа да споделат дел од нивното знаење и искуство. Во регионот постојат навистина големи професионалци кои се успешни во нивното работење, а има толку многу да се научи од нив. Посебно сме горди што Tip of the Week® веќе прераснува во препознатлив бренд со голема база на поддржувачи од секаде во светот.“ – велат главните креатори на Tip of the Week® концептот, Калин Бабушку и Петар Лазаров.

Tip of the Week® концептот e започнат во 2010 година во Македонија со издавање на неделни совети и два прирачника за личен и за професионален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во 2017 година и во Хрватска. Прирачниците, досега се издадени на четири јазици и продадени во тираж во повеќе од 20.000 копии.